Беровско Езеро

 

Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки  пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.

 

Berovo

 

Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.

 

Berovo

 

Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт. Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.

Дојдете во околината на Беровското Езеро и уверете се во чистината, шарите на природата што досега не сте ги виделе, богатството со диво овошје и билки. Ако имате можност, може да се искачите и на бачилото Клепало, на 1350 метри височина, да се одморите и да вкусите традиционална храна, еко-производи и некој од автентичните малешевски специјалитети.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.