Манастир и Витолишта

Мариово е историски, културно и природно богат регион. Тоа е една од најживописните области во Македонија, со неверојатни пејзажи на бесценетата природна убавина. Дел од мариовската област се и селата Манастир и Витолишта.

Манастир се наоѓа во централниот дел на Мариово, по долината на десната страна на Црна Река. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 690 метри. Најголемиот дел од површината им отпаѓа на пасиштата, а шуми речиси воопшто нема. Во близина на живописните каноњи на Црна Река, се наоѓа манастирот „Св. Никола“, кој датира од крајот на 11 век.

 

 

Mariovo

 

Селото Витолишта се наоѓа на оддалеченост од 46 километри од градот Прилеп. Извишено е на височина од 830 метри. Ова село е опишано во еден од најпознатите македонски писатели, Стале Попов, кој е роден во ова село. Витолишта се наоѓа на планината Козјак. Се одликува со бројни културно-историски споменици, цркви и манастири богати со фрески и богата културна традиција. Селото е препознатливо и по прочуеното Мариовско биено и бело сирење.

Мариовскиот рурален крај е еден од најспецифичните во земјава – заслужува да проверите зошто е тоа така.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.