Горно Нерези

Во близина на селото Горно Нерези, на падините на Водно, се наоѓа комплексот „Македонско село“, во рамкитена кој на едно место се поставени неколку автентични куќи со стара архитектура од повеќе региони во земјава. Ова уникатно етнолошко-културолошко претставување на Македонија се наоѓа на оддалеченост од само 7 километри од Скопје.

Куќите имаат стилски обележја на регионите од беровскиот, делчевскиот, кратовскиот, кумановскиот, скопскиот, струмичкиот, галичкиот, реканскиот, полошкиот, велешкиот, прилепскиот и битолскиот крај, а градени се по теркот на старите мајстори. Нивната внатрешност е уредена според традиционалниот начин на живеење.

Комплексот содржи меана во стар стил, амфитеатар, воденица, чешма, валалница, трло, штала, рибник, а низ просторот се минува по калдрма. На ова место може да се запознаете со машини за нижење тутун, ковачница, ткајачница, грнчарница, со начин на изработка на филиграни, може да посетите винска визба, дуќани за бочви, а доколку сакате да преспиете – тогаш ќе бидете сместен во преноќишта изградени во стар стил, но термички и звучно изолирани. Секако, може и да уживате во вкусот на автентична храна.

Доколку немате доволно време да ја запознаете цела територија и историја на Македонија – тогаш овој комплекс е место што мора да го посетите.

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.