Зајак

 

Зајак

Зајакот е единствен вид дивеч што е во состојба да се размножува на отворени терени во ловиштата во Македонија. Единствено засолниште претставуваат браздите на изораните ниви. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Најдобри живеалиште на ова животно се отворени терени со соодветно разместени помали шумички. Токму затоа зајакот се среќава низ цела Македонија – од високите планински предели, па сѐ до ниските, во шуми и на отворено.

Обично бара посуви и отворени места, како и ораници. Претставува лесен улов. Висината на популацијата на зајакот зависи од временските услови во годишното време, но, иако се среќава во голем број во македонските ловишта, треба да се внимава при неговиот отстрел, односно да се отстрелуваат онолку зајаци, колку што изнесува нивниот годишен прираст. Ловната сезона трае од 11 октомври до 14 декември.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.