Дива свиња

 

Дива свиња

Дивата свиња е трофејна гордост на Македонија. Таа има вековна ДНК и има непроменет генетски состав, за разлика од некои други подвидови и полупитоми единки какви што се среќаваат во други ловишта од Европа. Трофејната вредност на кожата и на забите очници на македонската дива свиња е исклучителна и особено ценета. Дивата свиња живее во чопори, главно околу влажните шуми, а најчесто се задржува по ивиците на шумите каде што постојат водотеци – затоа може да се сретне во сите ловишта во Македонија, освен во низинските и оние без шуми.

Големата бројност на дивите свињи во Македонија пред сѐ се должи на големиот број млади во леглото и на малиот број природни непријатели. Трча исклучително брзо успешно се провлекува низ најгустиот честак, а исто така е и добар пливач, па поради тоа на ловџиите им е одлично познато колку е тешко да се улови. Дојдете и справете се со предизвикот: ловната сезона трае во текот на трите последни месеци од годината.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.