Балкански рис

 

Балкански рис

Евроазискиот рис (Lynx lynx) е животно од фамилијата мачки и е најголем од сите рисови. Се смета дека на Балканот постојат нешто повеќе од 100 единки од овој вид, а најголем број од критично загрозениот подвид на балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) живее во планинските региони на западна Македонија. Балканскиот рис е најзагрозена автохтона популација, за која се преземаат сите мерки за заштита. Рисот е законски заштитен, а неговиот лов е трајно забранет. Тој е ноќно животно и живее самостојно.

Звукот што го испушта е мошне тивок и честопати не може да се чуе, така што неговото присуство може лесно да остане незабележано. Мештаните од селата во западна Македонија велат дека често е полесно да се најдат остатоци од пленот или стапки од рисот, отколку да се види самиот рис. Ова животно се смета за национален симбол на Македонија и може да се сретне на високите и тешко достапни планински места. Не откажувајте се. Наоружете се со фотоапарат и обидете се да го најдете рисот во дивината – глетката што ќе ја видите засекогаш ќе остане дел од вас.

 

 

Promote your Service

Accomodation

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.