Рачна изработка на бакар

 

 

Маринови една од најстарите охридски фамилии е позната по рачна изработка на бакарни производи повеќе од еден век.Семејниот бизнис го започнува Славе Маринов во 1913 година со изработка на котли, ѓумови, казани и генерално рачно изработени производи за домаќинство и бакарни декорации. Синот Иван започнува и со изработка на сувенири во 70тите години. На крајот на 90тите години, малиот семеен бизнис го води веќе внукот на основачот крстен по него Славе Маринов кој го пренесува знаењето на ќерката Марија и синот Иван.

Марија брзо почнува со изработка на уникатен накит кој со текот на времето и промените на побарувачката ги заменува производите за домаќинство. Пред неколку години Марија Маринова Поп Маркова веќе четврта генерација целосно го презеде фамилијарниот бизнис. Марија со овој занает започнува да се занимава на 20 годишна возраст и истиот го негува веќе 20 години. Трагајќи по она што ме привлекува се занимавав со резба, потоа со ликовна уметност за да сватам дека токму бакарот и изработката на уметнички дела од ова парче е она со кое ќе продолжам да работам вели Марија.

 

 

Денес ова семејство е познато по создавањето уникатни сувенири, накит ,шлемови и практични украси за дома, како што се ламби и wallидни часовници. Длабоките корени ги квалификува да им овозможат единствено искуство на посетители и туристите. Мотивацијата за ова доаѓа од бесконечните можности што им ги понудат на туристите.

Инспирација како што вели охриѓаната Марија Маринова и е љубовта ,сето она што не опкружува околу нас .Таа од случувањата од секојдневниот живот добива идеи за нејзините креации. Среќна е што ќе има и наследници нејзините деца кои уште сега и помагаат и пројавуваат интерес за оваа дејност.

 

 

Туристите како што вели се воодушевени од рачната изработка а најбарани како сувенири кои ги понесуваат со себе се шлемовите и накитот,тие покрај што имаат можност да купат вредно дело од Балканскиот Ерусалим може и да видат одблиску на кој начин се изработуваат овие дела. Туристите од Америка, Англија, Геманија се најчестите потрошувачи но не изостануваат ни останатите, многубројни туристи кои го посетуваат градот Охрид и уживаат во вредното наследство.

Во нејзиниот дуќан доаѓаат многу посетители со најразлини желби и ставови. Мој предизвик е да го изработувам и тоа што го сакаат муштериите што самите тие го замислиле, она што го изработивам го правам со голема љубов и посветеност а она што целосно ме исполнува е крајниот резултат а тоа е готовото дело подготвено од моите раце и среќните лица на купувачите додава охриѓанката.

 

 

Тука може да најдат дела кои една широка палета на производи од бакар кои ќе им нудат позитивни емоции и спомен од Охрид нешто што ќе го зачуваат како трајна вредност. Маринови имаат долга традиција на изработка на производи од бакар и месинг. Ова семејство верува дека практичните искуства им помагаат на патниците да направат вистинска врска со локалното население и нивната култура.

Марија Маринова како четврта генерација во овој занает успешно ја спроведува вековната традиција: ги изработуваат предметите и накитот од бакар и месинг со рачна гравура и со чукање. Имаат своја занаетчиска работилница во старата охридска чаршија под името “Маринов”.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.