Изработка на бакар и уметнички дела

 

 

Иако во минатото занаетите беа типично машка професија денес жените ги уриваат стереотипите и со нивните изработки и занаети тие се важна алка во туризмот.Данче Наумоска од Охрид е единствената жена во градот што обработува бакар.Занаетот го наследила од нејзиниот татко кој цел живот бил казанџија како што растела со текот на годините се вродила и љубовта кон неа и таа да се занимава со оваа дејност ,пред 22 години одлучила да внесе новитети и на еден поинаков иновативен и уникатен начин да изработува уметнички дела од бакар со своите раце.Таа изработува охридски ,традиционални ,религиски мотиви како и слободна уметност и накит.

Татко ми е казанџија и уште како дете бев присутна во неговата работилница многу често знаев да му помогнам да му задржам, бев како калфа. Кога дојде време да станам семеен човек некако се побуди љубовта. Сакав нешто да си обновам да си направам за дома, така почнав и малку повеќе за да формирам бизнис. Веќе 22 години го работам ова ефективно“, вели Наумоска. Во работилницата на нејзиниот татко каде во минатото најбарани биле казните и други предмети од бакар сега се повеќе се бараат сувенирите кои се уникатни и со свои специфики.

 

 

Најзастапен материјал е бакарот кој што во комбинација со различни техники на оксидација и позлата на бакарот се добиваат различни нијанси на бакарна,кафеава,сребрена ,златна и плава нијанса. Занаетите во минатото беа типично машки професии, биле ценети и од нив добро се заработувало. Еве јас наследив и мојот син има афинитети да работи. Треба да се има љубов за да се работи нешто креативно, да се има осет, посветеност. Не само имам наследници и мора да го наследат занаетот. Меѓутоа терба вистински со љубов да се настапи кон било кој занает“, вели Наумоска. Од бакар и позлата прави реплики на златната маска и ракавица, но и други автентични охридски мотиви. Вели целта е пред туристите да се претстави богатото културно наследство на Охрид.

Ги изработувам златните маски, автентични – нешто оригинално од Охрид и Македонија. Сакам да ја претставам нашата традиционална култура и да ја пренесам. Златните маски ги изработувам од бакар со позлата, генерално мене ми е главен материјал за обработка бакарот со разни техники и хемикалии за посребрување, потемнување, позлата. Го цртам и добивам нешто уникатно кое што останува, има трајни вредности за идни генерации“ , вели Данче Наумоска – бакарџија. Работата за Данче освен професија мора да биде и задоволство. Ова е креативна работа која неа лично, целосно ја исполнува и ја прави среќна и задоволна.

 

 

Нејзините изработки се нејзиниот автопортрет, најголема инспирација за сите убави нешта, синото езеро, рибите,историјата и нашето културно наследство. Нејзина слабост се оние неоткриени нешта, недопрени, оние нешта кој никој не успеал да ги уништи.Таа изработува слики,уметнички дела, предмети и накит од бакар. Ние кои се занимаваме со рачна изработка преку добра понуда за туристите ја претставуваме културата и традицијата на нашата земја рече Наумоска.

Наумоска го унапреди стариот занает, денес со разни техники и материјали создава и уникатен накит. Изработува охридски мотиви кои се многу интересни за странците, религиозни теми, икони, по нарачка на клиентите, во различни димензии и техники, како и копии на артефакти, традиционални пафти, украси, а најново започна и со работа на апстрактна уметност.

 

 

Инспирација за накит - Осознавајќи ги ендемските видови во охридското езеро се сретнав со волшебниот сунѓер кој го добил името “Rotunda”не само поради тоа што има тркалезна форма туку и што потсетува на морски еж без боцки.Фасцинирана од неговиот изглед успеав преку накитот да го претставам внатрешниот систем на каналчиња и коморчиња. Овој прастар облик на сунѓер опстојува во шест милионското старо езеро и е меѓу најстарите облици што живеат во него и како автохтон животински вид целосно се разликува од другите сунѓери.

Начин на изработка - За изработка се користени бакарни ленти, нежно извиткани и прелиени со епоксидна смола со различни пигменти.Данче вели дека секоја креација се одликува со посебна посветеност, уникатен дизајн и сопствена замисла а токму колекцијата Охридски сунѓер е наменета за моќни и самоуверени жени кои сакаат да се различни. Наумовска 22 години создава бакарна бајка во охридската чаршија со своите занаетчиски вештини привлекувајќи туристи од целиот свет. Охриѓанката Данче Наумоска порачува Почуствувајте го колоритот на бакарот.Мојата цел како што вели е да ја споделам магијата на бакарот со уникатно добиени нијанси ,да ја споделам мојата приказна па и да создадам ваша преку мои креации.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.