Изработка на филигран

 

Изработка на филигран

Стариот добар занает изработката на филигранот се попривлечен за охриѓани.Голем е интересот особено на помладите за оваа техника позната многу одамна (2500 г.п.н.е) со која во текот на вековите се изработувал накит од тенка златна или сребрена жица слична на тантела и украс поточно украсен предмет. Како што раскажува Митко Укоески кујунџија еден од мајсторите на оваа техника филигранската уметност се состои од виткање, усукување и плетење на тенки метални жици, и нивно спојување (лемење) една со друга во точките на допир како и со подлогата.

За гранулирани мотиви, се сечат мали парчиња од златна или сребрена жица кои потоа се лепат со дувало или лемило во денешно време, при што добиваат сферичен облик и малку се разликуваат меѓусебе. Мотивите од филигранска жица се различни од геометриски фигури до цветови и животни.

 

 

Оваа техника бара голема прецизност и внимателност во деталите, поради својата уникатност и комплексност може да се нарече и кралица на техниките за изработка на накит. Мајсторите на овој занает велат да се изработи нешто со две раце, со оган и метал е посебно чувство, а она што фасцинира е крајниот резултат парчето накит. При изработката се воспоставува едно лично чувство на поседување нешто неповторливо и единствено, кое инспирира да се продолжи со нови креации.Не постојат мостри и шеми за изработка на мотиви ,секој од нив преку свои идеи креира најразлични шари и накит ,инспирацијата ја бараат насекаде дел во природата а дел и во секојдневието во кој уживаат не само охриѓани туку и бројните туристи од целиот свет.

Укоески вели дека покрај умешноста и креативноста најважно од се е трпеливоста бидејќи за да се создаде еден накит потребни се денови а посебни се и по тоа што накитот го комбинираат со македонски рубини. Со самиот процес на изработка на парчето накит всушност се добива една посебност, уникат кој не може да се повтори.Токму на брошовите ,прстените,обетките ,синџирчиња дел од нив искомбинирани со македонски рубини и ден денес им се воодушевуваат туристите.

 

 

Со охридски филигран се китат бројни светски личности, актери, пејачи меѓу нив е и поранешната прва дама на американската дипломатија Медлин Олбрајт. Денес на уникатните творби работени по теркот на традиционално изворно филигранство занает кој се смета за врвна уметност се воодушевуваат странците но и сите оние кои по излозите на дуќаните ќе го забележат ова вредно парче накит па затоа голем е и интересот на гостите кои сакаат одблизу да се запознаат и прашуваат за изработката на овој уникатен накит. Станува збор за стар добар занает кој надалеку бил познат во овој крај и кој за среќа сеуште опстојува и има огромен интерес за продолжување на традицијата.

Охрид неодамна доби и Музеј на филигран во чест на Вангел Деребан, легендата на македонското кујунџиство. Во неговата некогаш атрактивна работилница во Oхридската чаршија, има три простории од кои едната е резервирана за поставка во која е изложен накит и предмети изработени од филигрански мајстори, потоа историски преглед на филигранскиот занает низ времето, како и работилница за изучување, запознавање и презентација на вештините на филигранството ,алат со кој макотрпно работеле старите кујунџии и накит стар со векови.

 

 

Шест поставки од кои пет се со женски накит и една со машки накит, каде има парчиња стари и до 200 години зачувани до ден денеска со полудраги и драги камења, изработени во сребро и злато. Има од украси за глава, накит за облека, верски и црковни предмети се до машки предмети од филигран како ќостеци, чибуци и слично. За семејството Деребан филигранот е уметност, богатство и култура на еден народ а како што велат внуците на Деребан возобновувањето на работилницата има за цел исполнување на аманетот на дедото за да не се заборави занаетот и да се презентира сиот оној накит кој е сочуван а го претставува нашето културно богатство.

Инаку Вангел Деребан, човекот со „златни раце“,кој живееше 93 години беше шеста генерација филигрански мајстори на фамилијата Деребан. По неговата смрт неколку млади лица од градот ја продолжуваат древната традиција .Сребрената пеперутка, позната по ТВ-спотот „Купувајте македонски производи“ на Милчо Манчевски, која се чува во националниот Музеј на Македонија ја има изработено неговиот татко Александар. Музејот на филигранот претставува збогатување на туристичката понуда на Охрид, но и зачувување на традиционалните и културните вредности односно старите занаети по кои е препознатлив градот.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.