Струга

 

 

Струга

“Како Струга нема друга”

Под името Струга населбата се спомнува во почетокот на XI век. Во текот на целиот среден век била позната рибарска населба, а во текот на долг период е мала крајезерска населба, во која населението се занимавало со риболов, сточарство и земјоделство.

Со статус на град Струга се спомнува кон крајот на XVI век (1591 година) во документите на млетачкиот пратеник во Цариград, Ловро Бернард. Во XVII век се здобива со голема трговска важност, со чаршија, пазар и голем панаѓур. Од овој период на економски развој потекнува изректа Како Струга нема друга.

Кон крајот на XVII век, поради продирање на Австријците на Балканскиот Полуостров, развојот бил запрен, но поради добрата местоположба на патот Виа Игнација, Струга успеала да се одржи како гратче, во кое кон крајот на XVII век и почетокот на XVIII век се доселувало албанското население од западното подножје на Јабланица и Мокра Планина.

Кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век било чесна мета на ограбување од качаци кои доаѓале од Албанија. Несигурноста предизвикала запирање на трговска размена. Во средината на XIX век било спречено понатамошното опаѓање на населбата. Тогаш е забележан вториот бран доселување на албанско и македонско население во градот.

Втората половина на XIX век е најславниот период за Струга. Покрај трговијата, било развиено и занаетчиството, од кои грнчарскиот е еден од постарите занаети, а присутни биле и терзискиот, папучарскиот, фурнаџискиот занает и други. Риболовот бил со првостепено значење. Во средината на XIX век во градот, покрај основно училиште, имало и гимназија, во која учествувале браќата Константин и Димитар Миладиновци. Во овој период во градот живееле околу 4.600 жители.

Во почетокот на XX век стопанскиот живот на Струга опаѓа. Посебно неповолно се одразува поставувањето на границата кон Албанија во 1912 година, со што се стеснуваат можностите за трговија.

По Втората светска војна градот бележи постојан раст: од 1948 година со 4.923 жители до 2002 година со околу 20.000 жители. Струга денес е град со современ изглед и развиени секундарни и терцијални дејности.

Во вкупната економија на градот посебен акцент е ставен врз развојот на туризмот. На северозапад, по течението на Црн Дрим, води пат кон Дебар и соседна Албанија, на североисток се поврзува со Кичево, Гостивар и Тетово, а преку Охрид, се поврзува со Ресен, Битола и Прилеп.

 

 

 

Кејовите на Црн Дрим

Идеални за мирна прошетка и уживање во прекрасна глетка покрај самата вода, кејовите на Црн Дрим имаат клупи и сенки и се поврзани со три мостови. Кејот од источната страна од истекот на реката од езерото се вика “Сергеј Есенин” и се наоѓа до влезот на градската плажа. На овој кеј, покрај на Есенин, се наоѓаат и бистите на Адам Мицкјевич и Ацо Шопов.

Истек на Црн Дрим

Водата од Охридскот езеро истекува низ реката Црн Дрим која, поминувајќи низ средината на градот, низ Струшкото Поле и клисурата, продолжува низ Албанија и се влева во Јадранското Море. Истекот на водата во близина на хотелот Дрим е посебна атракција за секој посетител на Струга.

 

 

 

 

Калишта

На пет километри југозападно од Струга, веднаш на брегот на езерото се наоѓа селото познато по старите цркви и манастири и рибните специјалитети.

Во Калишта, на самиот брег на Охридското Езеро, во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот Рождество на пресвета Богородица, меѓу народот познат како Калишки манастир. Во склоп на комплексот влегуваат една пештерска и една нова црква посветени на Рождеството на Пресвета Богородица, црквата посветена на светите апостоли Петар и Павле и пештерската црква посветена на св. Атанасиј. Новата црква е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XIII век. Во манастирот има монаштво и активен монашки живот.

 

Црква Св. Ѓорѓи (1835)

Св. Ѓорѓи претставува градска Соборна црква во центарот на Струга. Изградена е на темелите на многу постара црква од XVI век. Содржи фрески од крајот на XIX век, но вистинско богатство претставува малата галерија на икони од XIII век до XIX век, вклучувајќи ја и познатата икона на Св. Ѓорѓи насликана во 1267 година. Долгиот напис на позадината од иконата значи “Струга Охридска”.

 

Спомен- куќа на браќата Миладиновци

реновирана врз темелите на старата куќа на славните поети

Спомен-куќата на браќата Димитар и Константин Миладиновци се наоѓа во центарот на Струга. Реновирана е врз темелите на старата куќа на Миладиновци. Во неа се наоѓаат материјали од животот и делата на овие знаменити македонски преродбеници, добитници на Златен венец на поезијата. Во чест на нивните поетски достигнувања и збирки на народни песни и умотворби, објавени во познатото дело Зборник на народни песни, денес се одржува познатата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Манифестацијата традиционално започнува со незаборавната поема Тга за југ од Константин Миладинов, напишана додека престојувал во Москва.

 

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.