Дојран

 

 

Дојран

Покрај Дојранското езеро на македонската страна постојат три населби: Нов Дојран,Стар Дојран и Николич во кои живеат над 4000 жители.Стар Дојран е населба на западниот дел на дојранското езеро на надморска височина од 142 до 210 метри во атар кој зафаќа 9км.Стар Дојран пред првата светска војна било развиено градче со над 18000 жители,но било разурнато во војната.Денес населбата има туристичко-рекреативна функција со голем број на викендички.Покрај дојранскиот брег постојат 40 хотели и одморалишта,неколку модерни казина и над 600 викенд –куќи.

 

 

 

Легендата за Дојрана- Во местото каде е денеска Дојран,живеела многу убава девојка со име Дојрана.Во неа се заљубил османлиски бег и од нејзините родители ја побарал за жена и покрај тоа што Дојрана не го сакала. Еден ден отишла да ги наполни стомните со вода од едно изворче, ја забележал бегот и поттрчал по неа.Бегајки Дојрана се врлила во изворот за утредента изворот да се прошири и го поплави целото место станувајќи езерп. По името на убавата девојка ,езерото го добило името Дојранско а населеното место Дојран.

 
 
 

Кликнете овде за да ги видите сместувачките капацитети во Дојран

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.