Тавче гравче

 

Тавче гравче

Тавче гравче е традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии. Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекни, потоа се мие и се вари во лонец. По првото вриење водата се истура (бидејќи создава гасови), па се става нова вода.

Во втората вода се додаваме дел од кромидот и црниот биберот а може и неколку парчиња македонски ловоров лист. Посебно во тавче запржуваме кромид заедно со црвен бибер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме заедно со кромидот а може и посебно. После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари му го додаваме запржениот кромид и пиперката и добро промешуваме.

 

 

Потоа содржината се става во земјен сад и се пече на температура околу 220 степени сè додека не запече одозгора. Во варењето треба да се внимава да нема ниту премногу вода да нема ниту премалку. А при печењето да се внимава да не биде премногу сув. Земјената тава покрај што му дава препознатлив традиционален изглед на јадењето ја чува топлината со часови.

Освен сам тавче гравчето често се подготвува во комбинација со некои јадења од месо како македонски плескавици, македонска сланина, македонско суво месо, македонски ребра и слично. Треба да се внимава на количината која ќе се изеде бидејќи гравот во Македониjа спаѓа во покалоричните јадења и содржи околу 350 калории во 100 грама на чист грав. Во нашето поднебје се произведува на повеќе места но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.