Вевчани


Вевчани држава во држава

Во Вевчани речиси сѐ е во знакот на водата. Во селото има толку многу вода што на момент ќе ве натера да помислите дека сте се нашле во некоја рурална Венеција. Вевчани се споменува како селска населба уште од крајот на 9 век, кога било развиена и економски силна. Спрострено е во подножјето на Јабланица, на оддалеченост од 14 километри од Струга. Овој терен е поделен на Горно и Долно маало, со надморска височина што се движи од 830 до 960 метри, со атар што зафаќа површина од околу 35 km2. Вевчани изобилува со градски шмек и шарм. Денес претставува симбол на независност и протест за одлуките што не соодветстуваат со локалниот интерес на сите здружени сожители. И до ден-денс се прогласуваат себеси за држава во држава.


Село вевчани

Вевчански Извори

Кога ќе го посетите Вевчани, мора да поминете и покрај извориштето, познато како Вевчански Извори, кое претставува споменик на природата. Главниот извор е сместен во отвор на пештера. А подолу се наоѓаат неколку постојани извори, кои подземно се спојуваат со главниот. Овој духовно богат простор го ликува соборната црква „Св. Никола“, каде што се прославуваат Велигденските и Божикните празници. Во Вевчани се наоѓа и спомен-куќата на физичарот Михаило Пупин, кој едно време живеел тука.


За време на прошетката до изворите по уредените патеки и мовчиња, покрај многубројните параклиси, ќе го почувствувате духот на местото. Вевчани вистински ќе го доживеете кога ќе одлучите да станете дел од традиционалниот пагански карневал, кој се смета дека опстојува веќе 1400 години – Вевчанскиот карневал. Но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години.


Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи. Но сепак во последните години во организација на Општината и Министерството за култура, се воведува ред во овој инаку хаотичен вонвременски настан. Поради изобилната понуда на природните убавини во околината како и познатиот Вевчански карневал, туризмот и угостителството се многу значајна стопанска гранка. Во селото Вевчани работат повеќе хотели со врвни сместувачки капацитети со ресторани


Село вевчани

Повеќе информации за Вевчани на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.