Полска еребица

Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, а ретко може да се најде и на повисоки места. Се одликува со пепелава боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има поголема темно-кафена дамка во вид на потковица на стомакот, која е поистакната кај мажјакот.

Во Македонија е од посебен интерес кога станува збор за ловот, а се среќава на сите ловишта за ситен дивеч, најмногу во средишниот и долниот тек на Вардар, како и во кумановскот, светиниколскиот и во пелагонскиот ловен реон. 

 

 

 

 

Еребицата-камењарка е особено убава. Горниот дел од телото и главата имаат изразено пепелава боја, а во долниот дел од телото преовладува бела боја со црни шари. Живее во мали јата. Најчесто престојува на карпести предели и на места со слаба вегетација. Од сличните птици се разликува по острите и бучни звуци. Во Македонија се среќава на повисоките места, особено каде што има развиено сточарство, зашто ги следи стадата, а најчесто се среќава во Мариово.

Особено  убави ловишта во Македонија има на Шар Планина, Сува Гора, Бистра и Стогово. Ловот на камењарката е извонредно атрактивен и ловната сезона се совпаѓа со периодот кога се лови и зајакот.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.